Објавено на:

Во акцијата за разбивање нарко картели во Босна и Херцеговина беа уапсени и високи полициски функционери

t

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево вечерва соопшти дека во акцијата „Црна вратоврска 2“ се уапсени 23 лица, кои се поврзани со нарко картелот „Тито и Дино“ Меѓу уапсените е и шефот на Полицијата на Босна и Херцеговина (ФУП) Вехид Муњиќ, како и шефот на Специјалната полиција ФУП Мустафа Селмановиќ.

Уапсен е и сараевскиот бизнисмен Гордан Мемија, како и директорот на Кантоналната болница во Зеница, Тарик Зуловиќ.

МВР вечерва ги објави иницијалите на сите уапсени меѓу кои и три жени.

Во соопштението се наведува дека акцијата била спроведена по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина, дека прибрало докази од шифрирани апликации на Sky и Anom, како и дека ФБИ, ДЕА и Европол дале поддршка во спроведувањето на акцијата.

На повеќе од 30 локации на подрачјето на кантонот Сараево денеска беа претресени станбени згради, моторни возила и простории на правни лица, а уапсените се осомничени за организиран криминал, перење пари, примање поткуп и злоупотреба на службените овластувања. се наведува во соопштението.

Сите се уапсени за криминална обработка во службените простории на Полициската управа на МВР на кантонот Сараево.

Наркобосот Един Гачанин, познат како Тито, во ноември минатата година склучи договор со Обвинителството во Холандија и беше осуден на седум години затвор и парична казна од еден милион евра за шверц на дрога.

Гачанин е најголемиот балкански наркобос, има холандско државјанство, а на американската „црна листа“ е од март минатата година.

Роден во Сараево, Гачанин во својот картел вклучил членови на неговото семејство и пријатели од Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…

Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…