Во акција на ДПИ и МВР, контролирани 280 угостителски објекти и 176 луѓе и возила
Утрово во периодот од полноќ до 4 часот при спроведена акциска контрола на МВР за присуство на малолетници во угостителски објекти на територија на цела држава по полноќ, за точење на алкохол на малолетници и за откривање на злоупотреба на престој на странци, биле контролирани 280 угостителски објекти и извршени прегледи на 176 лица и возила.
Како што информираат од Министерството внатрешни работи, во акциската контрола биле вклучени и тимови на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кои извршиле контрола во 14 обложувалници и казина и две приватни обезбедувања.
„Од слобода било лишено едно лице на подрачје на СВР Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана, а шест малолетници (по тројца на подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола) биле затекнати во угостителски објекти по полноќ и по приведувањето биле предадени на родителите. Исто така, при контролата биле откриени две кривични дела точење алкохолни пијалоци на малолетници. Биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за возила, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и едно непочитување на работното време“, посочуваат од министерството.
Од МВР соопштуваат дека за сите констатирани прекршоци, против правните лица и одговорните лица во објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…