Во Албанија забранета изведба на песна за УЧК
Косовската песна „Мора фјале“ е забранета да се пушта на стадионот Ер Албанија во Тирана.
Песната е забранета од страна на Албанската фудбалска федерација затоа што се смета за националистичка.
„Мора Фјале“ со која се оддава чест на командантот на ОВК/УЧК Адем Јашари, преходно стана неофицијална химна за албанските фудбалски навивачи.
Пејачката Шкурте Фејза ја критикува одлуката Албанската фудбалска федерација.
Во емисијата „Луѓе“ на Еуроњуз Албанија, Шкурте Фејза раскажува за чувствата по одлуката.
„Неверојатно. Навикната сум да ми ги забрануваат песните во Србија, но кога тоа се случи со песната во Албанија, беше болно бидејќи ние косовските Албанци живеевме со мотивацијата: нашата слобода и Албанија. Овие работи изгледаат апсурдни“, изјави пејачката Фејза.
Таа, меѓу другото, вели дека ваквата песна, без националистички побуди, донела само добар дух на единство кај Албанците.
„Песна што му се пее на нашиот херој, се пее за национална гордост, која нема ништо националистичко. Тоа е убава уметност што ги зближува Албанците, страдаме да имаме добар дух што не обединува. Бев најсреќниот уметник што го доживеав влијанието на песната во Албанија на сите им се допадна и им бев благодарна на фановите кои ја поддржаа оваа песна“, додава Шкурте Фејза чија песна веќе нема да може да се пее на најголемиот албански стадион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…