Во Белград започна средбата меѓу Вучиќ и Лајчак

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Ова е прва посета на Лајчак на Белград годинава, а последен пат во главниот град беше во ноември минатата година.

Лајчак доаѓа во Белград три дена пред најавениот почеток на имплементацијата на регулативата на централната банка во Приштина, според која еврото би било единственото средство за извршување на готовински платежни трансакции во Косово.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека по денешната посета на Белград, Лајчак утре ќе остане во Приштина и дека тоа е дел од „постојаниот контакт и интеракција на Лајчак со партнерите за да им помогне да напредуваат во дијалогот“.

Вучиќ и Лајчак последен пат се сретнаа на 17 јануари во Давос, а претседателот на Србија тогаш изјави дека предупредил оти Приштина го доведува во прашање сето она што досега е постигнато во нормализацијата на односите.

Вучиќ посочи дека најавата на Приштина дека ќе ги откаже платежните трансакции со Србија е обид за откажување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и обид за прогон на српскиот народ од Косово и Метохија и дека се надева дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…