Во билтенот на МВР нема податок дека во сообраќајка во декември е усмртена мечка, како што тврди Дранго – велат од „Анима мунди“
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) од декември минатата година не постои податок за сообраќајна несреќа со мечка, како што тоа го тврди заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, Сашо Дранго, велат од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Со тоа, велат од Здружението, се демантираат неговите изјави дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била усмртена во сообраќајна несреќа, а тој бил на терен извршувајќи ги работните обврски и заедно со вработените од претпријатието ја тргнале мечката од коловозот на патот Битола-Ресен, по што се сликал со неа.
„Преку дадените изјави, Дранго ја инволвира институцијата во која е функционер, како и луѓето што таму работат, кои нема да дозволиме да му служат како параван. Затоа бараме да се провери дали во декември постои пријава за убиство на мечка во некоја од надлежните институции или во Обвинителството“, велат од „Анима мунди“.
Оттаму прашуваат дали доколку има ваква пријава службеници од МВР и пратеници се труделе да го сокријат случајот.
„Имајќи предвид дека во билтенот на МВР не постои податок на сообраќајна несреќа со мечка за декември, како и дека во случај на таква постапка има строго дефинирана процедура согласно Законот за дивеч и ловство и Законот за заштита и благосостојба на животните, не смее да се постапува без МВР. Но, имајќи и предвид и дека мечката не се наоѓа на пат, туку во шума, како и дека олку големо животно нема начин да се поместува за сликање, освен доколку е свежо убиено, невкочането (сè уште топло), очекуваме брзо согледување на реалната состојба, брзо постапување и најстрога казна“, се вели во соопштението од Здружението.
„Анима мунди“ бара од министерот за внатрешни работи да провери и да ја информира јавноста дали Дранго, кој на сликите се гледа дека е во ловечка униформа, вооружен со снајпер и двоглед, има забрана за користење оружје и дали му е одземено во претходно постапка.
„Дали снајперот што го држи на фотографијата е спротивно на законот?“, прашуваат од ова Здружение.
Како позитивна ја оценија информацијата дека од страна на битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, на која позира со пцовисана мечка.
„Ова е добар чекор кон разрешница доколку сакаме да се наречеме правна држава“, велат од „Анима мунди“.
Вчера од „Анима мунди“ објавија фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, на кои се гледа како се фотографирал со мечка што ја застрелал во декември 2024 година. Побараа тој кривично да одговара.
Потсетија дека мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во билтенот на МВР нема податок дека…
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи…
ПАДНАА ПОВЕЌЕ ДИЛЕРИ: Серија на апсења во…
На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје,…
Премиерот на Гренланд: Сакаме независност од Данска
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека…
Арапскиот е мајчин јазик на третина од…
Според најновите податоци на Дирекцијата за образование,…
Истурила киселина врз љубовникот: 59-годишниот маж се…
Вистинска љубовна драма се случила во Неготин…