Во “БМВ” со бугарски таблички се пренесувале мигранти
На регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, вчера во 15.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода С.М.(24) од Република Србија.
Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија.
Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода, појаснуваат од МВР.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…