Во Босна и Херцеговина има 100 вахабистички населби
Експертот за безбедност од Босна и Херцеговина Џевад Галијашевиќ денес изјави дека верува оти бошњачкото општество е радикализирано од исламистите и дека некои негови делови се интегрирани во одредени терористички организации, пренесе Танјуг.
Според него, во Босна и Херцеговина има 100 вахабистички населби и десетици паралелни конгрегации, или муслимански верски заедници.
„Во Босна и Херцеговина, 10.000 луѓе се регистрирани како извор на терористичка закана. Во оваа земја, остатоците од одредот Ел Муџахедин и глобалните терористи имаат свои места“, изјави Галијашевиќ за Срна.
Според него, Босна и Херцеговина е сè уште отскочна даска за активностите на глобалниот тероризам во Европа, што го потврдуваат разни инциденти, од кои некои се регистрирани, а некои не.
Галијашевиќ вели дека омразата што се манифестира меѓу Бошњаците потврдува дека заедничкото живеење во Босна и Херцеговина е невозможно и дека нема заедничка основа за заедничко живеење во иднина.
„Јасно е дека не можеме да живееме заедно на овој начин, бидејќи она што нè поврзуваше и што можеше да ги изгради темелите на заедничкото живеење е уништено, а тоа се Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина. Кристијан Шмит намерно го уништи тоа за да имаме вакви ситуации“, оцени Галијашевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Босна и Херцеговина има 100 вахабистички…
Експертот за безбедност од Босна и Херцеговина…
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…