Во Бугарија има околу 50 илјади украински бегалци
Украинските бегалци ја напуштаат Бугарија поради несигурност околу нивното сместување, утврдил Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јавува Бугарското национално радио (БНР).
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од нив се жени и деца.
Повеќе од 100 илјади луѓе од нив ја напуштиле Бугарија во периодот од 5 септември до 5 октомври, додаваат од меѓународната организација за бегалци на ОН ( УНХЦР).
Повеќето од оние што заминуваат се враќаат во Украина, а останатите заминуваат во други европски земји.
Според организацијата, главната причина е неизвесноста околу сместувањето на бегалците во владините бази и хотели. Мерката беше воведена од кабинетот на тогашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, а преодната влада ја продолжи до крајот на овој месец.
Во моментов од неа имаат корист повеќе од 12 илјади бегалци. Друга причина е неможноста за плаќање наемнина. Во текот на зимата бегалците од најранливите групи ќе останат во Бугарија и ќе им треба заштита, наведуваат од ОН, пренесе БНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…