ВО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА НАЈНИСКА ПОДДРШКАТА ЗА ОДЛУКИТЕ НА ЕУ, ПОВРЗАНИ СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СОЦИОЛОШКО ИСТРАЖУВАЊЕ
Најслаба поддршка за одлуките на ЕУ поврзани со војната во Украина има во Бугарија и во Грција. Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување, дистрибуирани од Европскиот парламент.
Во ЕУ, просечно 74 отсто од граѓаните ја одобруваат европската поддршка за Украина. Во 24 земји на ЕУ, мнозинството граѓани се согласуваат со оваа поддршка. Поддршката е најголема во Шведска (97 отсто), Финска (95 отсто), Холандија (93 отсто), Португалија и Данска (92 отсто), додека во Бугарија и Грција поддржувачите се само 48 отсто, се наведува во соопштението на ЕП.
Поддршката за воведените европски санкции против Русија и за помош на Украина во ЕУ е 73 отсто, а во Бугарија – 49 отсто.
Како одговор на прашањето кои вредности ЕП треба најмногу да ги штити, учесниците во истражувањето најчесто укажуваат на демократијата (36 отсто), заштитата на човековите права (29 отсто) и слободата на говорот и мислата (28 отсто). Во Бугарија најчесто се споменува заштитата на владеењето на правото и слободата на движење во ЕУ.
Речиси две третини од Европејците (65 проценти) очекуваат дека нивните животи ќе се сменат поради војната, а ова е четири проценти зголемување во однос на податоците од април-мај оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…