Во Вараждин сепак имаше победник – „Македонската фаланга“ и Сонцето од Кутлеш!
Наспроти ремито 27:27 на ракометната репрезентација на Македонија со фаворитот Унгарија на стартот од 29. Светско првенство, во Вараждин победија „Македонската фаланга“ и македонското национално знаме со Сонцето од Кутлеш.
Спротивно од очекувањата, „фалангата“ беше и побројна, и побучна од навивачите на Унгарците, а официјалното државно знаме на Република Македонија од 1992 до 1995 година не само што го имаше насекаде на трибините, иако, наводно, ќе било забрането од организаторот, туку во еден момент издоминира неговата најголема верзија во вараждинската арена.
Убава атмосфера и убава игра на ракометарите. Утре, против Холандија очекуваме уште една добра партија и секако голема победа. И утре навиваме за Македонија.
Фото: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…