Објавено на:

Во велешката населба Рамина собрани пет метри кубни отпад

t

Во населбата Рамина денеска во еколошка акција беа собрани пет метри кубни отпад и беше исчистена јавна површина од 10 илјади метри квадратни.

Во акцијата беа вклучени 40 доброволци од локалното население, вработени во јавното комунално претпријатие „Дервен“, претставници на општина Велес, фондацијата Фокус и Хабитат Македонија.

Акцијата за чистење на јавна површина во населбата Рамина, која главно е населена со ромско население, е дел од едукативната кампања „За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното место!“ што се организира Општина Велес, во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници.

Како што информираат организаторите, целта е преку практичен пример да се мотивираат жителите од овој дел од градот активно да учествуваат во одржувањето на хигиената на јавните простори  и да се подигне свесноста за важноста од правилно одлагање и управување со отпад.

Инаку, во рамки на кампањата за правилно отстранување на отпад во Велес, што започна во мај, се одржа и ликовен конкурс за учениците од четврто одделение во основното училиште „Панко Брашнар“.

Изработени беа и едукативни летоци и постери, едукативни материјали за социјални мрежи и беше организиран и забавно-едукативен настан по повод Денот на екологијата.

Во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ којшто во Велес се спроведува од 2020 година, досега се спроведени или се во тек повеќе активности како што се изработка на ДУП-ови за областите каде што живеат маргинализирани групи граѓани и набавка на возила за собирање на смет за ЈКП „Дервен“ низ тешко пристапните делови на Велес. Воедно, се спроведува и едукативната кампања за правилно отстранување отпад, а во тек е и процесот за избор на куќи кои ќе се реновираат.

Проектот е со финансиска поддршка на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…