Во голем пожар во Козле изгореа три куќи и помошна просторија
Голем пожар доцна синоќа избувна во скопската населба Козле, кој зафати три куќи и помошна просторија.
„На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, известија од МВР.
Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.
Во тек е увид на местото на пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во голем пожар во Козле изгореа три…
Голем пожар доцна синоќа избувна во скопската…
ЦУК: Во пожарот кај Батинци активирани сите…
Локализиран е пожарот во село Батинци, општина…
Воздухот во Трубарево не е загаден со…
Министерството информира дека просечните концентрации на ПМ10…
Квалитето на воздухот во Трубарево во рамки…
Министерството за животна средина и просторно планирање,…
Томевски: Пожарот во Трубарево е под контрола,…
Пожарот кој изби во објект со електронски…