Во Грција регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 24 во изминатата седмица
Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, како и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, а починале две лица.
Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 100, а регистрирани се вкупно 12 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.
Потврдени случаи на вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, има речиси во цела Грција, во северниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.
Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица, вкупно 51.
Лани во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од вирусот Западен Нил починале 23 лица.
Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…