Во делови на Украина нема струја и греење, откако руската војска изминатата ноќ изврши масовен напад
Во делови на Украина се уште нема струја и греење, откако руската војска изминатата ноќ изврши масовен напад со проектили и беспилотни летала врз повеќе градови – вклучувајќи ги Киев и Одеса – при што на удар беше енергетската инфраструктура.
Ова беше најголемиот руски воздушен напад врз Украина во последните три месеци, со лансирани 120 проектили и 90 беспилотни летала, при што загинаа седум лица, а предизвикана е и голема штета на електричната мрежа.
Украинскиот претседаел Володимир Зеленски на Телеграм објави дека воздушната одбрана ги пресретнала повеќето проектили и дронови, но призна дека има штети на цивилни објекти и на енергетската инфарстуктура.
– Нашата противвоздушна одбрана уништи повеќе од 140 воздушни цели. За жал, има оштетувања на објекти од ударите и паднатите остатоци од урнатите проектили и дронови, рече Зеленски.
Посочи дека руските напади првенствено биле насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, што резултирало со прекин на електричната енергија во одредени области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во делови на Украина нема струја и…
Во делови на Украина се уште нема…
Не е поштедена ниту Источна Европа: Кризата…
Кризата на автомобилската индустрија стигна и до…
Српски државјани се упасени на свадба во…
На свадба во Виена уапсени се дваесет…
Германија има хроничен недостиг од возачи на…
Германските здруженија на шпедитери предупредија денеска на…
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша…
Елон Маск, американски милијардер и близок соработник…