Објавено на:

Во документите кои ФБИ ги заплени од Трамп се опишува нуклеарен капацитет на една држава

t

Меѓу документите што ги заплени Федералното истражно било (ФБИ) при претресот на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, имало и документ што опишува одбранбени способности на една влада, вклучително и нуклеарните капацитети на држава, пишува „Вашингтон пост”.

„Документ во кој се опишуваат воените сили на странска земја, вклучувајќи ги и нејзините нуклеарни капацитети”, е пронајден меѓу многуте доверливи документи што федералната полиција ги пронашла во истрагата спроведена во домот на поранешниот американски претседател, пишува весникот.

Притоа „Вашингтон пост” се повикува на лица запознаени со истрагата, но не наведува на која држава се однесува посочениот доверлив материјал ниту дали се работи за непријателска земја или пријател на САД.

Ниту адвокатите на Трамп ниту Министерството за правда не дале коментар по наводите.

Според судските записи, ФБИ запленило повеќе од 11 илјади документи и фотографии во претресот на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго извршен на 8 август.

Меѓу нив има 18 документи класифицирани како „строго тајни”, повеќе од 50 како „тајни” и 31 како „доверливи”.

„Вашингтон пост” наведува дека некои од нив класифицирани како „строго доверливи” содржат информации за американски операции до кои за пристап се потребни посебни овластувања. Пристапот до некои од тие документи е толку ограничен што дури и некои од највисоките функционери за национална безбедност во администрацијата на Бајден не се овластени да ги разгледуваат.

Американското Министерство за правда покрена истрага против Трамп бидејќи тој зел некои документи додека ја напуштал Белата куќа во јануари 2021 година и ги однел во Мар-а-Лаго.

Во понеделникот, федерален судија го одобри барањето на Трамп да назначи независен експерт за преглед на документите, што би можело да ја продолжи истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

ФБИ отвора нови истраги: Протекување од Врховниот…

ФБИ ќе започне нови истраги за две…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…