Во Дубаи има 52 македонски компании
Македонското бизнис-присуство во Обединетите Арапски Емирати бележи раст – во Стопанската комора на Дубаи моментално се регистрирани 52 македонски компании. Ова беше објавено по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на комората, султан бин Саид ал Мансури, за време на престојот на македонската делегација во Дубаи.
Како што информираа од службата за информирање на Владата, пет од овие компании се приклучиле кон комората само во првите три месеци од годинава.
Во македонската јавност веќе подолго време се зборува за имотите на македонски државјани во Дубаи.
Инаку, Македонија во ОАЕ претежно извезува електронски уреди, облека, возила, машини, како и овошје и зеленчук.
Според истражување објавено од норвешкиот финансиски центар Е24 во 2022 година, 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, чија вкупна вредност е проценета на околу 14 милиони долари. Истражувањето се базира на податоци од 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…