(Во живо) Артан Груби гостин во „Мрежа“ на Инфомакс: Мицкоски барал да се напаѓаат со ДУИ – Откриени нови детали околу изградбата на коридорите 8 и 10д

t

Следете го во живо најновото издание на истражувачката емисија „Мрежа“ на Инфомакс. Вечерва главна тема во емисијата е изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

Ексклузивен гостин во вечерашното издание на емисијата е првиот вицепремиер Артан Груби кој открива нови детали околу изградбата на автопатите.

Груби одговара на најтешките прашања околу надзорот, договорот, но и политичките догооври помеѓу власта и опозицијата.

На 15 јули 2021 година беше изгласано законското решение со кое изградбата на неколку делници од коридорите 8 и 10д практично се доделува на компанијата „Бехтел и Енка“, со што се заобиколува механизмот на распишување јавна набавка на која можат да се пријават повеќе компании.

Законот беше донесен со 55 гласови за, и ниту еден против или воздржан. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше одредени забелешки на законот, но не гласаше против.

На 8 март Владата на Република Македонија го стави својот потпис на договорот за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Според првичните проценти проектот ќе ја чини државата 1,3 милијарда евра и опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат. Овие проценки укажуваат дека државата во просек по километар за овие автопатски решенија ќе плаќа околу 12 милиони евра по километар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…