(Во живо) Владата има катастрофални перформанси, нема слух за народот – Кој ќе одговара за оштетувањето на Буџетот?
Владата има катастрофални перформанси, лоша економија, пад на индустриско производство, скокнаа цените на прехранбените производи, цената на струјата, цената на парното, нема слух за барањата на синдикатите за поголема плата, задолжувања, неликвидност на компаниите затоа што Владата не го враќа ДДВ-то, вели во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– Нашите информации се дека се работи на граница на ликвидност, во наше време поврат на ДДВ имаше секој месец. Се оштетува Буџетот, ДДВ-то понатаму ќе се враќа со камата, кој ќе одговара што се оштетува Буџетот на државата?
Владата вели работодавачите и работниците да се договорат сами за плати, ние не се мешаме. Зошто тогаш постои Владата? Тоа е исто како да речеш овците и волците нека се договорат сами, вели Филипче кој додава дека Владата на СДСМ зачува над 80.000 работни места благодарение на Ковид-мерките.
– За време на енергетската криза луѓето немаа зголемени сметки, тогаш цената на гасот беше неколкукратно поголема, а сега има тотално недомаќинско работење на Владата.
Во однос на нашето присуство во медиумите, ние сме секојдневно присутни, јас лично, новото раководство, пратеничката групам истакна Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…