(Во живо) Дали сте виделе лидер на опозиција во друга држава да врти бизниси за кои треба државна поддршка?
Сте виделе на друго место лидер на опозиција, значи длабока опозиција, кој врти бизниси кои зависат од државата? – прашува Александар Митовски во денешната епизода на “Тешки муабети”.
– Значи бизнис со струја, бизнис со медицинска марихуана, јас знам еден, Мицкоски и уште еден, Бранко Црвенковски кога правеше таканаречени протести колку да се случува нешто, а всушност вртеше бизнис, вели Митовски, кој потсетува дека на претходните парламентарни избори не беше објавена клучна бомба која можела да го собори целиот државен врв и да донесе многу гласови и победа на избори, но Мицкоски одлучил да не ја одржи таа прес-конференција.
– Ако продолжи оваа политика и народот вака да се однесува нашата борба за опстојување како Македонци, нашата борба ќе биде тешка. Иако Мицкоски има најнизок рејтинг, дури и од Ахмети понизок, на системот не му се исплаќа сега да го менува детето што го слуша. Таче сам по себе е паднат, ДУИ владее, вели Љупчо Палевски.
Следете ја целата епизода на следниот ЛИНК.