(Во живо) Илјадници ги напуштија домовите: Општа мобилизација во Донетск и Луганск
Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњетск и Луганск , поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.
Дека ситуацијата е сериозна говори и фактот што вчера на територијата на ДНР беа испукани повеќе од 1.100 гранати, двојно повеќе од претходниот, соопшти претставништвото на самопрогласената Донетска народна република во заедничкиот центар на контрола и координација на прекинот на огнот.
Околу 950.000 жители на Донбас поднеле барање за руско државјанство, изјави пратеникот на Државната дума Виктор Водолацки. Во овој момент, повеќе од 770 илјади жители на Донбас веќе добија руско државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…
АНБ лани се подновила со возила за…
Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…
Пресуда за двојното убиство на Вања и…
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…