(Во живо) Македонците и во турско биле над 65%: Пописот е фалсификат – мора да има конкретна реакција и последици од бројките!
Во денешните супер тешки муабети главна тема е пописот чии што резултати беа претставени во јавноста денеска.
Јакимовски истакна дека има реален сомнеж дека станува збор за фалсификат на пописот, тој потенцираше дека Македонсите биле над 65% дури и во време на османлиската имерија.
– Има нешто што не ми штима во овој попис, Македонците дури и во Турско биле над 65%, значи дури и тогаш. Јас не сакам да тврдам дека ова е фалсификат но имам чувство како да се работи за инжињеринг. Сите знаеме кој најмногу се отселува, се отселуваат и Македонците и Албанците ама мислам дека Македонците се иселуваат помалку. Дали некој излезе да ги повика Македонците масовно да се попишат? Ги ставивме луѓето во недоумица со непопишувањето. Ајде да одиме утре на аеродром и во авробусите да видиме каква е структурата на луѓето што си заминуваат, кои заедници најмногу се иселуваат од Македонија. Постојат вкрстени податоци, вработени, невработени, ученици, здравствена структура, ние имаме над 95% сигурни податоци статистички, се ова може да се провери. Од оваа бројка произлегуваат права, сега правата не се 20 туку 29%, значи вработување во администрација…- објасни Јакимовски.
За разлика од Јакимовски, Палевски тврди дека пописот е фалсификат и не треба да се навлегува во негова анализа затоа што не смее да се признае.
– Ова е фалсификат и ќе докажеме дека е фалсификат. Пописот е резултат на лидерска средба во мај, се договорија двајцата лидери, па имаше една апликација кадешто знаеме дека имаше еден куп видеа од дијаспората како еден човек се попишува по неколку пати, во име на други луѓе. Ова е само параван за она што го планираат Албанците во државата. Ова е фалсификат, никако признавање на ова, оваа Влада е нелегитимна и процедурата е нелегитимна.- рече Палевски.
Митовски кажа дека наместо едноставно непризнавање на резултатитепотребно е конкретна реакција и последици од бројките на пописот.
– Пописот има сила на Закон, ние и да не го почитуваме тој постои, ако не го почитуваме како ќе функционираме? Треба да има реакција и последици од пописот, не може само не го почитуваме и ќе си свиркаме. – објасни Александар Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=979042752800782¬if_id=1648633751107422¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Нова влада Црна Гора, прва одлука на…
Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…
Во Албанија денеска почнува попис на населението…
Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…
На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…
Според податоците од последниот попис, за десет…
“Македонски” попис и во Хрватска: Им фалат…
Државниот завод за статистика ги објави конечните…