(Во живо) Митовски: Диво насеље и Шарената револуција направија да сме слепо црево на Европа

t

Во најновата епизода „Тешки Муабети“ на Инфомакс тема е воената криза во Украина и последните провокации и жртви за кои слушаме оттаму. Воедно, како стратешки и геополитички неодминливо се споменаа и гасоводните текови, кои во моментов се критична инфраструктура, не само во кризните подрачја, туку и на целиот европски континент поради енергетските недостатоци кои ги сите ги искусуваме.

За потсетуавње, Владата на Руската Федерација го одобри договорот со Владата на Република Македонија за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ за снабдување на земјата со гас, објави прес-службата на Владата на Русија во Јули 2013. Овие настани се споменаа во дискусијата, за кои Јанко Илковски побара објаснување од Митовски, кој пак вели дека постои поврзаност помеѓу сите поважни настани кои што се случија две години подоцна, во 2015та.

„Гледачите знаат за што се работи, јужен тек да поминува низ Македонија. Да влезе кај Куманово, па надолу по долината на Вардар се до грчка граница. Македонија требаше да има неколку препукнтни станици кои што ќе го одржуваат притисокот, за да има непречен проток на гас и за таа услуга требаше да добиваме повластена цена и кирија.“ – Вели Митовски и додава дека пресметките во тие моменти биле стотици илјади евра. – „Тоа се случуваше во 2015 Сите знаеме што друго се случи во 2015. Почна шарена револуција, објавувањето на бомби, Диво Насеље. Сега во моментов истиот тој јужен тек поминува од Србија низ Бугарија, накај Грција и Турција. Оставени сме да бидеме слепо црево на европа“ – Заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…