(Во живо) ОГРОМНА КРАЖБА НА НАРОДОТ: Општински власти се договарале со извршители да затаат долгови па да делат илјадници евра!
Голем скандал и кражба на граѓаните открива Горан Костовски – Чиз во денешната епизода на “Тешки муабети” каде вели дека во некои општини имало или се’ уште има договор меѓу властите во општините и извршителите за ограбување на народот.
– Си имало во општините пракса да не се наплаќаат намерно некои долгови за да дојде тоа до извршител и да се наплатат по неколку илјади евра, па после овие од општина да си делат пари од извршителите.
Последно тоа го дознавме дека се случувало во Прилеп. Со години во Прилеп си имале досега сите власти таква шема да земаат пари од извршители по таа шема, така се краде народот, вели Горан Костовски-Чиз.