(Во живо) Симовски: Најважно е што имаме скоро 200.000 жители помалку од претходниот попис – Не може да има манипулации бидејќи процесот подлежи на ревизија

t

Во денешната епизода на Тешки муабети гостин во редакцијата на Инфомакс беше директорот на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски.

На почетокот Митовски честиташе на храброста да се дојде во редакцијата на Инфомакс, која функционерите на власта често ја избегнуваат. Митовски праша дали Симовски сега се чувствува како државен непријател број еден:

“Никогаш не ни помислив да не дојдам и да ја одбијам вашата покана, не ги делам медиумите, секој кој што ќе ме покани јас ќе присуствувам ако не сум спречен од оправдани причини.

Кај нас кога ќе соопштите некоја нивна секогаш следуваат напади, се дочекуваат на нож, секогаш има незадоволници, ние се обидовме и направивме една статистичка операција и тоа беше единствената намера, не да исполнуваме нечии желби. Најважната работа од пописот е што губиме страшно многу население, намалено е за речиси 200.000 од претходниот попис и тоа е резултат на иселувањето на пред се младите и најобразованите во државата” – кажа Симовски.

На прашањето како технички се одвива процесот Симовски одговори:

“Ова е прв попис кој е направен без хартиени прашалнцви, истовремено ги добиваме резултатите но потоа потребно е да се обработат податоците кои подоцна ги обработуваа вработени на ДЗС, тоа е на пример дали има двојно попишано. Има многу контроли, прво контрола на опфатот, дали има двојно попишани, непопишани, попишани кои не треба да бидат попишани, потоа се врши контрола на квалитет на податоците. Можно е испитаникот да направил грешка во одговорите, не може дете да е 3 години и образовен процес, 15 години и во редовен работен однос и слично, тоа е контролата.

Јас кажав дека се ќе се проверува, да не се обидуваат граѓаните да се даваат лажни податоци, присутност и отсутност од земјата, користевме бази за проверки и мислам дека 6 месеци е рекордно време.

Не може да постои манипулација затоа што се се евидентира. Прво не можеа сите да влезат во базата, овластувањето носи одговорност и секоја промена се регистрира и секоја постапка е архивирана и манипулација во тој дел не може да има. На крајот има и ревизија која е предвидена, едната Завод за ревизија а другата Агензијата за заштита на лични податоци.” – потенцираше Директорот на ДЗС, Симовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=651464159262700&notif_id=1649013298184886&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Нова влада Црна Гора, прва одлука на…

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…

Во Албанија денеска почнува попис на населението…

Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…

“Македонски” попис и во Хрватска: Им фалат…

Државниот завод за статистика ги објави конечните…