(Во живо) СКАНДАЛ! Полицијата во одбрана на нацизмот се обиде да спречи пренос во живо! Легитимирана екипата на Инфомакс

t

СКАНДАЛ се случи денеска на протестот против отварањето на бугарскиот културен клуб “Цар Борис Трети” во Охрид каде полицијата ја легитимираше екипата на Инофмакс и се обиде да го спречи преносот во живо од протестот.

Полициски службеници се обидоа да ја дофатат камерата со која нашата екипа го пренесува протестот и легитимираше новинари кои имаат соодветна акредитација!

Полицијата и денеска, како во сите претходни случаи не застана на страната на народот, напротив, полицајци се наредени на балконот на фашистичкиот клуб во одбрана на докажаниот нацист.

Демократијата во Македонија очигледно важи само за фашисти и нацисти кои глорифицираат ѕверства, а скако не важи за Македонците кои имаат право да ги следат случувањата во СОПСТВЕНАТА држава!

Следете го протестот во живо на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Кривична пријава против шест лица од Охрид…

СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…

Охридските средношколци утре ќе им оддадат почит…

Учениците од четирите охридски средни училишта утре…

Охридската ривиера руши рекорди, станбениот квадрат стигна…

Цената на новоизградените станови и станбените објекти…