(Во живо) Славевски урлаше дека има поскапа “црна кола” од сите, да видиме во анкетниот лист: Видовме дека некој бил со “рачињата во медот”
Претседавачот со Советот на Градот Скопје денеска урлаше дека тој има поскапа црна кола од сите таму советници, бараше да му го провериме анкетниот лист, еве ќе го провериме, го проверивме, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во денешната епизода на “Тешки муабети”.
Тој додава дека прегледот на анкетниот лист на Славевски покажува дека некој “брцал со рачињата во медот”.