(Во живо) Таравари скоро сигурно влегува во Влада, Трајанов нагласи дека нема да ја поддржи реконструкцијата ако не се почитува Балансерот!
Во моментов се уште трае средбата меѓу лидерите на партиите кои се дел од владината коалиција која се одржува во Клубот на пратеници.
Според информациите на Инфомакс на средбата, меѓу другото, се зборува и за влез на Алијанса за Албанците во Владата.
На средбата пристигнаа лидерите на партиите кои не дадоа изјава за медиумите, единствен кој ги испочитува новинарите беше лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Тој нагласи дека нема да поддржи влез на Алијанса во Владата доколку не биде испочитуван членот 6 од Уставот на Република Македонија, кој ја определува соодветната и правична застапеност на етничките заедници и Балансерот и Бадентерот.
На прашање на Инфомакс дали ќе поддржи влез на Алијанса во Владата доколку Таравари го добие Министерството за правда, Трајанов не одговори конкретно туку кажа дека не е важно дали министер ќе биде Албанец или Македонец, важно е да биде исочитувана соодветната и правична застапеност.
Од изјавата на Трајанов може да се заклучи дека тој практично бара албанските коалициони партнери да отстапат место на новиот коалициски партнер.
Според информациите на Инфомакс, Таравари скоро сигурно ќе биде дел од Владата и неофицијално ги добива министерствата за здравство и правда и неколку директорски места.
Средбата се уште трае и не се предвидени изјави за медиумите.
Следете го коментарот на сличувањата во живо:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…
Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…