(Во живо) Тодоровски: Не е исклучено сценариото за употреба на нуклеарно оружје- Американските бомбардери над Балканот се “поздрав” за Русија
Дарко Тодоровски, Македонец и милитарист кој живее во Русија ексклузивно за Инфомакс денеска во денешната епизода на Тешки муабети објасни дали и кога можат Западот, Украина и Русија да употребат нуклеарно оружје.
Според него постои реална можност Белорусија да се вклучи во војната.
– Денес властите на Белорусија објавија дека во 11 зони на границата со Украина е забрането движење во шумите, тоа значи дека нешто се спрема. Исто така Полска ги засилува воените концентрации на границите.
Русија пред неколку дена започна со распоредување на борбени авиони и армии во Белорусија, дури според некои сценарија можно е блокирање и заземање на Киев, вели Тодоровски.
Според Тодоровски не е исклучено сценарио со користење на нуклеарно оружје.
– Такво сценарио не може да се исклучи бидејќи не е јасно двете страни што може да направат, за жал колку и да не му се допаѓа тоа на Западот гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје го изврши Украина. Тој регион е под руска контрола, нема логика сама да се гранатира Украина во Курск имаше неколку обиди за диверзија.
Во воените доктрини на Русија и Украина е предвидено кога се употребува нуклеарно оружје, во руската е предвидено дека доколку е загрозен опстанокот на Руската Федерација може да се употреби секаво нуклеарно оружје.
Американски бомбардери летаат во последно врме над Балканот, а тие летаат во зоната за искрелување на тактичко нуклеарно оружје кон Русија. Кај нас се мисли дека тие летови се некој поздрав ама тоа е апел за Русија дека и Западот може да изврши нуклеарен напад, појаснува Тодоровски кој додаде дека според него сме далеку од употреба на нуклеарно оружје.