(Во живо) Уште утре би ги разрешил сите директори на здравствените институции низ Македонија!

t

900 милиони денари за програмата за ретки болести, побарав да се зголеми раната дијагностика и да се превенираат последици, истакна денеска министерот за здравство Илир Демири на прес-конфренција.

Демири нагласи дека на почетокот на неговиот мандат побарал во мој термин да се евидентираат пациентите со цистична-фиброза.

Од директори на Хирургија немам ниту една доставена оставка, со разидувањето на клинички центар во 2006 година е настаната една збрка каде може многу лесно да се изгуби одговорноста. Компресорскиот систем е во сопственост на „општи служби“ која не е здравствена институција, туку е под Влада на РМ. Побарав алтернативни решенија и ја спроведовме поправката на истите. Менаџерите на државни институции носат одговорност за одржување, сервисирање редовно и да има континуитет во здравствениот систем. Јас бев принуден да известам и ОЈО и да се бара која е причината за непријатниот мирис бидјеќи Клинички центар е најголема хируршка институција во Македонија. Воздухот не е компромитиран, само има лоша миризба. Додека не дојдат испитувањата од Република Германија, не можам да кажам други детали. Јас сум многу загрижен за функционирањето иако тешкит еи неодложни интервенции ќе се прифатат и ќе се интервенира ос надворешни компресорски системи. Јас ги имам ангажирано сите можни институции и сили за да се реши проблемот, но јас не сум министер 4 години, неколку месеци сум. Ограничени се можностите, не можам да менувам план за јавни набавки.

Во Македонија мора да се оформат четири болници, Битола, Тетово Куманово… Еве што се случува ако немате бекап. Јас утре ако се назначам за министер со едно решение би ги разрешил сите директори на државно ниво, таму само е дисперзирана неодговорноста и сите здравствени домови би ги споил со матичните болнииц во државата оти и таму има многу директори кои се одогворни за многу збиднувања. Треба да има по еден одогворен и од него да се бара отчет и ако се случи нешто вакво да одговара, вака е проблематично да се најде кој е виновен, вели Демири.

– Вие сте се фатиле околу Бесија Илјази, таа не ги вработила тие лица, тие се вработени 2023 година, кај бевте вие порано да кажете за квалитетот и зошто дозволувате тие луѓе да се на список на држурства и на смени, а пред избори реагирате зошто е така. Јас чекав да поминат изборите, имам факти, медицинскиот директор заслужено заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг се разрешени, Бесија кога ќе го прекрши законот, или Шукаровски или кој и да е, треба да имам цврсти докази за некој да разрешам. Сега немам такви докази, вели Демири на одговор на прашањето зошто не ја разреши директорката на Токсикологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…