(Во живо) Јакимовски: Измените на КЗ беа повеќе од потребни, а се договорени со ЕУ и САД!

t

Прва тема во новата сезона на ТЕШКИ МУАБЕТИ беше секако Кривичниот законик и неговите измени кои предизвикаа жестока дебата во јавноста.

– Грешката е на претставниците на власта што измените на Кривичниот законик не ги објаснија добро, не да има потреба, преку потреба има од измена на КЗ, особено 353 и неговата злоупотреба, кој се претвори во член за политички прогон наместо за гонење на корупција.

Потребата од промена на КЗ го има воочено и ЕУ и политичарите и овој лидерот кој се прави наудрен, вели Јакимовски кој го објасни неговиот случај токму по членот 353.

– Во мојот случај се работи за три легализации за кои јас ниту знам кога се направени, ниту кои се луѓето, тие луѓе дојдоа и во судница кажаа дека првпат таму ме виделе, не сум влијаел врз вработените. Јас како одговорно лице не работам предмети, предметите ги работат службениците и таму стои убаво кој изработил, проверил и одобрил, дали директор, премиер, министер или слично.

Сум ја злоупотребил службената положба во предмет во кој не знам кој е човекот, јас по ниеден основ не сум ја злоупотребил службената положба, ако не го потпишам решението правам злоупотреба. Во седум саат ме разбудија сабајле да ме носат пред судија во претходна постапка, да ми се земе пасош и слично.

Така ли ќе го решиме криминалот?

Ако некој згрешил, тоа е тој што го работел предметот, а тие се товарат за несовесно работење и на крај добиваат условни казни, криви или не, објасни Јакимовски.

– Истовремено се додава нов член со кој се конфискува имот без докажано кривично дело, тоа не е добро, штом не се дефинира нешто добро тогаш се остава простор за злоупотреба и погрешно толкување, додава Јакимовски.

Тој прашува за што лежат Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и останатите кои се осудени по членот кој сега беше изменет.

– Доколку ова не беше договорено со ЕУ и САД на криво магаре ќе ја качеа Владата, заврши Јакимовски.

Измените на КЗ предизвикаа жестока дебата во јавноста, измените предвидуваат нови кривични дела, но најсилната реакција пристигна за членот Злоупотреба на службената положба и овластување, каде со измените се намалуваат санкциите за делото.

Целата емисија следете ја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…