Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба
Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница.
Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода.
Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.
Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф.д-р. Миливој Новак, помошник директор за квалитет за „Јутарњи лист“.
Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува Н1 Загреб.
„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…