Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица
Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.
Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од Турција.
Со Европа имаме позитивно миграциско салдо во 2023 година. Од европските држави во земјава се доселиле вкупно 2 953 лица, додека се иселиле 2 127 граѓани. Најмногу доселени имаме од Турција – 2 083, потоа следи Косово – 177, Србија – 121 и Германија – 99 лица.
Од земјава најмногу во Европа лани заминале во Германија – 749, Турција – 284, Швајцарија – 237, Италија – 136 и Словенија -124 граѓани.
Со Америка имаме негативно миграциско салдо, од каде вкупно се доселиле 96, се иселиле 135 лица. Најголем дел од доселените лица се од САД – 61, од кои 22 странци, 10 од Бразил, 21 од Канада, тројца од Венецуела и еден од Чиле. Најголем дел од отселените се во САД – 112 и Канада – 22 лица.
Миграциското салдо со Азија ни е позитивно, се доселиле вкупно 72, а се отселиле 29 лица. Најмногу доселени странци има од Индија – 9, Јордан – 7 и Пакистан – 5. Најмногу иселени има во Сириска Арапска Република – 4 и Пакистан – 3.
Од Африка се доселиле вкупно 22 лица, од кои најмногу од Египет – 6, Тунис и Нигерија – по три. Истовремено, од земјава во африканските држави се отселиле лани десет лица, најголем дел во Гамбија – 3.
Во Океанија се иселиле 77, а од таму во земјава се доселиле 32 лица, сите од Австралија. Најголем дел се отселиле во Австралија – 72, а петмина во Нов Зеланд.
Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека најголем дел од податоците во Годишникот се добиени од редовните статистички истражувања, анкетите и пописите што ги спроведува Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), а вклучени се и податоци што ги подготвуваат другите органи и институции кои учествуваат во статистичкиот систем на Република Северна Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во земјава минатата година се доселиле вкупно…
Во земјава минатата година се доселиле вкупно…
Ќе заврши ли војната во Украина во…
Откако првичниот притисок на Русија да ја…
Студентите од Нови Сад нема да слават,…
Студентите од Нови Сад оваа година наместо…
Владата му префрли 120 милиони денари на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува…
Судот издаде налог за апсење на претседателот…
Суд во Јужна Кореја одобри налог за…