Во изборие „активирани“ лажни дојави за бомби – хибриден напад со политичка позадина?
Има силен политички мотив зад последните дојави за лажни бомби во училишта во Скопје и Куманово – смета поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски. Тој посочува дека овие лажни дојави се во општини каде ќе има втор круг градоначалничка трка и додава дека вакви дејствија имавме и во изборите во 2024та година.
Љубомир Ѓурчевски безбедносен експерт: Од лани до сега МВР евидентирале 337 дојави за бомби, сите од нив лажни. За вчерашните 47 дојави за бомби во училишта во Куманово и Скопје од МВР велат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Министерство за внатрешни работи: Се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта од каде се испратени лажните дојави за бомби. Во текот на 2024 година и заклучно со денешниот ден, поднесени се шест кривични пријави, против седум лица од кои четворица малолетници за сторени шест кривични дела тероризам.
Во претходниот бран од над 250 дојави за експлозивни направи кој се одвиваше минатата година па се до февруари годинава, најчесто во училишта низ државава, МВР за помош се обрати и кон Европол и Интерпол. Поранешниот началник – Ѓурчевски, потенцира дека дојавите за бомби и други хакерски упади во компјутерските системи на државните институции во земјава, можат да потекнуваат и од непријателските разузнавачки служби на други држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изборие „активирани“ лажни дојави за бомби…
Има силен политички мотив зад последните дојави…
Протести во Словенија по убиството во Ново…
По трагичниот настан во кој беше убиен…
(Видео) Јакимовски: Ќе субвенционираме 30 проценти од…
Карпош вложува во младите и во иднината!…
Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во…
По оставката на директорот на Комунална хигиена,…
По завршувањето на распитот пред судија на…