Во Истанбул во 2025 година ќе се отвори Центар за трговија со гас

t

Центар за трговија со гас ќе биде отворен во Истанбул во 2025 година како дел од проектот за меѓународниот гасен центар, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.

Како што се наведува, учесници во овој проект ќе бидат турската компанија Ботас и рускиот Газпром, пренесува Комерсант.

„Во текот на 2025 година ќе создадеме моќна инфраструктура која, во партнерство со Ботас и Гаспром, ќе управува со трговска платформа во финансискиот центар на Истанбул. На страните им испративме меморандум за разбирање“, рече Бајрактар ​​во интервју за турскиот весникот Милиет.

Тој истакна дека во трговскиот центар ќе функционира и Истанбулскиот гасен индекс.

Кога Русија ќе го продаде својот гас, ќе каже дека го продава според формулата со индексот за гас во Истанбул, додаде Бајрактар, пренесува Танјуг.

Во октомври 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин најави изградба на гасен центар во Турција и истакна дека таков проект ќе помогне да се компензира загубениот обем на транзит на гас преку Северен тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Истанбул во 2025 година ќе се…

Центар за трговија со гас ќе биде…

(Видео) Турција за година и пол изгради…

„Вака изгледа прошетка низ една од новите…

Во Турција земјотрес со јачина од 5…

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Крвава одмазда на Турција врз курдските милитантни…

Турција продолжува со воздушните напади врз курдските…

(Видео) Експлозија во фабрика за воени авиони…

Експлозија одекна во Анкара во близина на…