Во ист ден кај Карпалак ги загуби братот и сопругот: Ердован и Веби сонувале да купат коњи и достојно да живеат
Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје – Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје – Тетово во масакрот кај Карпалак., се вели во сторијата на Република.
Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.
Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак.
Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немал занает, но не се срамел да работи сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ист ден кај Карпалак ги загуби…
Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 –…
Голем скандал ја тресе општина Гази Баба…
Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за…
Бугарија забрани промоција на нетрадиционални сексуални ориентации…
Бугарија вчера забрани нехетеросексуални пораки во училиштата,…
Уапсен пироманот кој го предизвикал пожарот кај…
На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…
Македонската претседателката ги прими македонските претставници на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во „Вила Билјана“…