Во Италија ќе се казнуваат шоферите кои фрлаат ѓубре – казна од 18.000 евра
Од 9 август, Италија ги казнува возачите кои фрлаат отпад од прозорците на своите автомобили. Прекршителите сега можат да добијат парична казна до 18.000 евра, да им биде одземена возачката дозвола или возилото, а во посериозни случаи дури и затворска казна, пишуваат италијанските медиуми.
Со новиот закон, казнувањето се олеснува преку видеонадзор – фотографија од регистарската табличка е доволна за издавање на казна. Мерката е наменета за заштита на животната средина и зголемување на сообраќајната безбедност, бидејќи фрлените предмети од возилата можат да предизвикаат несреќи.
Висината на казната зависи од видот на отпадот: фрлањето догорче од цигара или парче хартија ќе ги чини прекршителите до 1.188 евра, а фрлање лименки, стаклени шишиња ќе чини повеќе. Највисока е казната за фрлање кеса со ѓубре од прозорец на автомобил и таа изнесува вртоглави 18.000 евра. За фрлање отпад или испуштање опасни супстанции во природни резервати се предвидени затворски казни од шест месеци до седум години, а нелегалното фрлање со службено возило може да резултира и со заплена на возилото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Италија ќе се казнуваат шоферите кои…
Од 9 август, Италија ги казнува возачите…
(Видео) Трамп одговори зошто Путин не сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес на прес-конференција…
Парламентот на Република Српска соопшти дека ќе…
Народното собрание на Република Српска (НСРС) останува…
Во ЕУ расте производството на овошје и…
Европската унија лани произвела вкупно 62,2 милиони…
Зеленски: На крајот од неделата ќе има…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските…