Во Катар претставен конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа
Претставници на Катар кои посредуваат во преговорите денеска на претставници на Израел и Хамас им го претставија конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на полноќ беше постигнат напредок во разговорите, во присуство на претставник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави за светските агенции официјален претставник запознаен со преговорите.
Официјалниот претставник рече дека текстот на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците бил дефиниран со разговорите во Доха во кои се вклучени шефовите на Мосад и Шин Бет, катарскиот премиер, шефот на египетската тајна служба и Стив Виткоф, кој ќе биде американски претставник кога Трамп ја презема функцијата. Се верува дека учествувале и претставници на американската администрација во заминување.
„Следните 24 часа ќе бидат клучни за постигнување договор“, рече официјалниот претставник, истакнувајќи дека преговорите се воделе до раните утрински часови.
Израелското радио Кан, повикувајќи се на израелски официјален претставник, денеска соопшти дека делегациите на Израел и Хамас во Катар го добиле нацрт договорот и дека израелската делегација за тоа ги информирала израелските лидери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Катар претставен конечниот нацрт договор за…
Претставници на Катар кои посредуваат во преговорите…
Кај две млади лица полицијата вчера пронајде…
Кај двајца млади скопјани вчера полиција пронајде…
Царината заплени автомобил адаптиран за криумчарење роба,…
Во соработка со МВР, служба за мобилни…
Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена…
Основното јавно обвинителство Кавадарци информираше дека е…
Фицо го повика Зеленски во Киев, тој…
Словачкиот премиер Роберт Фицо нема да отпатува…