Во Киев вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети

t

Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми.

Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција.

Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога полицијата добила дојава дека непознат маж влегол во продавница во областа Обухив и почнал да пука.

Напаѓачот ги ранил продавачот и сопственикот на објектот, а потоа избегал.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот, повикала лекарска помош, го идентификувала напаѓачот и почнала акција за негово апсење.

Се работи за 36-годишен локален жител со досие, кој за ова дело се соочува со казна затвор од седум години.

Повредените лица не се во животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Киев вооружен Украинец влегол во продавница…

Две лица се ранети откако напаѓач вчера…

Во Хаг продолжува судењето на поранешните лидери…

Пред Специјалниот суд во Хаг денес продолжува…

Трамп: Ако ги изгубам изборите, нема да…

Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја…

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани

Земјотрес со јачина до 3.8 степени според…