Во кичевско Зајас, пронајдени оружје и муниција – приведени две лица
На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас, кичевско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Ф.З.(81) и Ш.З.(50), двајцата од с.Зајас. Постапувајќи по претходна пријава дека Ш.З. се заканувал на неговата сопруга, со нивна согласност, полициските службеници влегле во нивниот дом и извршиле претрес. Притоа, кај Ш.З. биле пронајдени куршуми и пластичен пиштол, додека кај Ф.З. биле пронајдени и одземени пиштол и 38 куршуми различен калибар.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кичевско Зајас, пронајдени оружје и муниција…
На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас,…
Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе…
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател…
Израел нуди хуманитарна помош за Јужен Судан
Израелската влада ќе обезбеди итна хуманитарна помош…
Администрацијата на Трамп ги откажа визите на…
Американските власти им ги одзедоа визите на…
Втора жртва во несреќата на патот Битола…
Втора жртва од големата сообраќајна несреќа што…