Во Кочани слободно можеме да одиме со крената глава и да кажеме што сè сме направиле овие 15 месеци, рече Мицкоски на партиската трибина во градот
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибина „Иднина за Кочани“ на која беа промовирани кандидатот за градоначалник и носителот на листа на советници од партијата, кажа дека на овие локални избори „ќе победи Кочани, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.
На 16 март, во катастрофалниот пожар во дивата кочанска дискотека „Пулс“ загинаа 62 главно млади лица, а над 200 беа повредени. Тогашниот градоначалник Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ си даде оставка на 17 март и е еден од 34-те физички лица обвинети за пожарот, кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност.
Мицкоски кажа дека во Кочани тој и ВМРО-ДПМНЕ, како и Владата, можат да одат со гордо кренати глави, зашто се горди на тоа што го направиле за градот и општината овие 15 месеци.
„Во Кочани слободно можеме да одиме со крената глава и да кажеме што сè сме направиле овие 15 месеци како Влада во Македонија, да ги погледаме сите во очи и да кажеме што ќе направиме следниот период. И како Влада, и како градоначалник и мнозинство во Советот на општина Кочани. Тоа е впрочем целта на едни локални избори“, рече Мицкоски.
Додека зборуваше, Мицкоски беше поздравуван со аплаузи во салата.
Рече дека Кочани ќе биде во центарот на вниманието. Само за овој град и за регионот од централниот буџет ќе бидат дадени дополнителни 100 милиони евра за инфраструктурни проекти. Додаде дека за 15 месеци од Буџетот биле распределени околу половина милијарди евра исклучиво во инфраструктурни проекти.
Премиерот кажа многу лоши зборови за опозицијата, а се жалеше дека таа водела црна кампања и оти многу ги мразат државата, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека на овие избори има две опции, од кои едната е на неговата партија и таа е за просперитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кочани слободно можеме да одиме со…
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски…
(Видео) Хаос во Виница каде во пресрет…
Хаос во Виница откако кандидат за советник…
Ѓорѓиевски за БРТ: Недостигаат две клучни траси,…
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат…
Европските лидери не се договорија за ништо…
По еднодневниот самит во Копенхаген, европските лидери…
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…