Во Македонија годишно во просек исчезнуваат 300 лица, од нив 10 се деца
Во Македонија во просек годишно исчезнуваат 300 лица, од нив 10 се деца. Ова меѓудругото го пишува „Гласот на Америка“ на македонски јазик повикувајќи се на истражување изготвено од невладината организација „Новинари за човекови права“. Според истражувањето на „Новинари за човекови права“, најмногу исчезнуваат деца во социјален ризик и деца од дисфункционални семејства.
Како што се наведува во текстот Северна Македонија сега е дел и од европскиот систем за рано предупредување на исчезнати деца, кој има за цел подобрување на мерките за нивно пронаоѓање. Тоа значи споделување навремени информации за децата кои отсуствуваат од училиште повеќе од три дена за да се елиминира ризикот од нивно исчезнување.
Според „Гласот на Америка“ во функција ќе биде и веб-страницата „najdime.org.mk“, преку која ќе се алармира за секое исчезнато лице во земјава.
Како што пренесува медиумот повикувајќи се на МВР од февруари 2022 година до 17 август 2023 година, исчезнати се вкупно 43 малолетни лица, од кои 35 се пронајдени. Уште по 8 малолетни лицa активно се трага. По сите предмети се постапува во континуитет до нивно пронаоѓање велат од полицијата.
Пријава за исчезнато лице (дете) се поднесува во полициска станица од општа надлежност по место на исчезнување на лицето.
„Потрагата по исчезнатото лице се објавува на локално или централно ниво во зависност од информациите каде би можело да се наоѓа исчезнатиот, а во одредени случаи се распишува и меѓународна објава. МВР презема низа оперативни мерки за пронаоѓање на исчезнати лица. Од прибирање на оперативни информации, преглед на терен, водно и воздушно пребарување и набљудување на терен итн. Потрагата по лицето не престанува до негово пронаоѓање“, велат од МВР.
Инаку според Европскиот центар за исчезнати деца, 300 000 деца исчезнуваат секоја година. Нивната цел е велат да спречат децата да исчезнат или безбедно да ги вратат дома. Инаку во светски рамки според невладините се поголем број деца исчезнуваат и не можат да се следат, што е тренд на модерното општество, а некои стануваат жртви на насилство, експлоатација и трговија со деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…