Во Македонија лани продадени недвижности за над милијарда евра

t

Во секторот недвижности лани за првпат се свртеле над милијарда евра. Податоците од Агенцијата за катастар за 2024 година покажуваат дека биле извршени вкупно 22.548 трансакции, а нивната вредност изнесува 1.006.685.832 евра, пишува Блумберг Адриа.

Близу половина од вредноста на купопродажбите или над 490 милиони евра отпаѓа на становите, а во текот на 2024 година биле купени 8.018 стана. Во однос на 2023 година биле продадени 500 стана повеќе, но нивната вредност била поголема за 60 милиони евра.

Во податоците што „Блумберг Адрија“ ги побара од катастарот нема детали за тоа во кои општини се продавале најскапите станови, ниту пак е наведена просечната цена на квадратен метар во земјава. Ваквите податоци порано се објавуваа во рамките регистарот за цени и закупи, кој не е ажуриран од третиот квартал во 2020 година. Сегашното раководство на катастарот не ги знае причините зошто процесот прекинал, но вели дека ќе го врати во живот од следниот месец.

Трендот на раст на цените на недвижностите во земјава почна да забрзува во 2021 година. Рекордните нивоа беа достигнати во текот на инфлациската 2022 година. Во 2023 година пазарот се стабилизира, а на крајот на 2024 година Народната банка повторно измери двоцифрен квартален раст на цените на недвижностите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија лани продадени недвижности за над…

Во секторот недвижности лани за првпат се…

Политико: ЕУ започна огромен проект за инвестирање…

ЕУ има за цел да започне огромен…

Здружението на инженери поднесе претставка до РКЕ…

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка…

Анкета: Речиси половина од Канаѓаните поддржуваат влез…

Дури 46% од Канаѓаните би го поддржале…

По изјавите за прекин на огнот во…

Откако претседателот на Русија Владимир Путин денеска…