Во Македонската филхармонија денеска започнува НАТО-Конференцијата за комуникатори
Во Македонската филхармонија денеска ќе биде отворена НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Македонија.
На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, а видео-обраќања ќе имаат и командантот на Сојузничката команда за операции, генералот Кристофер Каволи и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералот Филип Лавињ.
Како што соопшти Министерството за одбрана, НАТО Конференцијата за комуникатори е најголемата годишна конференција за комуникатори во Алијансата.
Годинава, домаќин на Конференцијата е Македонија, а на истата ќе учествуваат околу 300 лица. Во рамки на Конференцијата ќе бидат организирани неколку панели посветени на стратегиските комуникации, на што ќе претходат неколку работни групи во оваа област.
Стратегиските комуникации и оваа годишна Конференција на комуникатори се високо на агендата и на НАТО Алијансата и на Министерството за одбрана, водени од истите вредности – демократијата, отвореноста и транспарентноста, медиумските слободи и доброто владеење, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…