Во Министерството за правда допрва ќе се разговара за здруженијата со имиња на спорни историски личности

t

За измените во Законот за здруженија и фондации со кои треба да се регулира употребата на имиња на историски личности сѐ уште се чека работната група во Министерството за правда да ја изготви драфт верзијата. Постоечкиот закон нема регистар на имиња кои не се дозволени поради уривање на уставниот поредок или предизвикување нетрпеливост, а прашањето се наметна пред 4 месеци со отворањето на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Во меѓувреме, додека се чекаат измените, никнуваат нови здруженија со имиња на контроверзни историски личности.

 ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВААТ И СИТЕ ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ИСТОРИСКИТЕ ЛИЧНОСТИ. ДО СЕГА СЕ УШТЕ НЕ Е ЗАЗЕМЕН СТАВ ПО ОДНОС НА ВОВЕДУВАЊЕТО РЕГИСТАР, НО СЕ ОЧЕКУВА И  ДА СЕ РАЗГЛЕДА И ОВА ПРАШАЊЕ, НАВЕДУВААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА.

И претседателот Пендаровски вчера ја потенцираше потребата  од итни измени на Законот за здруженија и фондации. Тој ги повика институциите да не си ја префлаат одговорноста затоа што има правна можност за реакција и со постоечката законска регулатива, иако има многу недоречености. Од правда потврдуваат дека за регулирање на контроверзните имиња на здруженијата е доволна и посточеката правна рамка. Ист е одговорот и од Владата, но досега ниту една државна институција не регаирала на оваа појава.

ПОСТОЈНАТА ПРАВНА РАМКА, СО ВНИМАТЕЛНО ПОВИКУВАЊЕ НА СУДСКАТА ПРАКСА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА,  Е ДОВОЛНА ЗА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, АКО СЕ ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ НАЗИВОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СО ОДРЕДЕНА КОНТРОВЕРЗНА ИСТОРИСКА ЛИЧНОСТ, ДА ГИ СЛЕДАТ И ОЦЕНАТ СУШТИНСКИ КАКО ПРОГРАМСКИТЕ ТАКА И ДЕЈСТВИЈАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ЧЛЕНОВИ ПРЕД ДА ДОНЕСАТ КАКВА БИЛО ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА УПИС ИЛИ ЗАБРАНА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ, ОДГОВОРИЈА ОД МИНИСТЕРТВОТО ЗА ПРАВДА.

Историчарите предупредуваат дека станува збор за профашистичка кампања со која Бугарија сака да прикаже дека Македонците се Бугари, но не само преку регистрација на вакви здруженија туку и преку други форми на дејствување.

ПРЕКУ ОВИЕ ЗДРУЖЕНИЈА, КАКО И ПРЕКУ ЕДЕН КУП ПОРТАЛИ СО ПРОБУГАРСКИ СТАВОВИ, КАКО И АГИТАЦИЈАТА КОЈА ЈА ВРШАТ АГЕНТИ НА БУГАРСКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ, И ТАКАНАРЕЧНИ БУГАРСКИ ФОНДАЦИИ, СИТЕ ТИЕ СЛУЖАТ ЗА ШИРЕЊЕ НА ПРОФАШИСТИЧКА И НАЦИОНАЛ ШОВИНИСТИЧКА КАМПАЊА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ СЕ УБЕДАТ ДЕКА НЕ Е СЕ ОНА ШТО СЕ ТУКУ НЕШТО ДРУГО, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР ЛИТОВСКИ, ИСТОРИЧАР.

Во последните 3 години бугарските Македонци во државата формираа две здруженија со имиња на контроверзни историски личности, во Охрид и Битола, а се најавува и трето во Богданци. Од Правда велат за „Цар Борис“ и за „Фердинанд“ не е побарано Министерството да даде позитивно мислење, Централниот регистар ги регистрирал врз основа на дадена изјава од предците.

Извор: Телма ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…

Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…

Министерството за правда соопшти дека ќе се…

Во Министерството за правда допрва ќе се…

За измените во Законот за здруженија и…

Бугарските здруженија од Македонија на средба со…

Во наредните денови во Софија ќе престојуваат…