Во напната атмосфера Молдавија избра нова Влада: Пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата
Парламентот на Молдавија денеска во напната атмосфера избра нова Влада.
Додека мнозинството го бирало новиот кабинет, опозициските пратеници извикуваа дека тоа е срам.
Како што истакна Влад Батринча, потпретседател и извршен секретар на Социјалистичката партија, тие биле револтирани што владејачката партија Акција и солидарност го ограничила правото на говор за време на гласањето.
„Блокот на комунисти и социјалисти ќе поднесе жалба до Уставниот суд поради имитација на консултации и прекршување на процедурата за именување влада“, рече парламентарецот.
Како одговор на ограничувањата, претставници на опозицискиот блок ја блокираа говорницата.
Парламентот ја одобри новата влада на Молдавија, на чело на која стана поранешниот министер за внатрешни работи Дорин Речеан. Администрацијата на претседателката Маја Санду веќе ја објави церемонијата на полагање заклетва на владата.
Министрите за надворешни работи и одбрана Нику Попеску и Анатолиј Носати, како и шефовите на Министерството за земјоделство, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование, Министерството за култура, Министерството за труд, Министерството за животна средина, како и вицепремиерот за реинтеграција, ги задржаа своите функции.
Заменик-премиер стана и министерот за земјоделство Владимир Боља. Дмитриј Алаиба, кој претходно беше министер за економија, сега е назначен за вицепремиер и министер за економски развој и дигитализација. Вероника Сирецијану-Враглиева стана министерка за финансии. Функцијата министер за правда ја прими државниот секретар на ресорот Вероника Михаилов-Морару. Со Министерството за инфраструктура и регионален развој ќе раководи државниот секретар Лилија Дабижа. Дополнително, владата ќе има и министерство за енергетика со кое ќе раководи поранешниот прв човек на Националната регулаторна агенција за енергетика, Виктор Парликов.
Поранешната премиерка Наталија Гаврилица минатиот петок ја објави својата оставка, а по неа автоматски си поднесе оставка и целиот кабинет.
Претходно портпаролот на Советот за национална безбедност во Белата куќа Џон Кирби рече дека извештаите за тоа дека рускиот претседател Владиир Путин наводно планира пуч во Молдавија „предизвикуваат голема загриженост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…