Во Обвинителство имало пријава и за незаконско следење на граѓани – се истражува заедно со следењето на Мицкоски

t

Предметот што го отвори Обвинителството откако премиерот Христијан Мицкоски обзнани дека тој и неговото семејство биле физички следени се истражува заедно со кривична пријава што веќе била поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за незаконско следење на граѓани.

-Предметот што го отвори републичкото обвинителство по допрен глас е споен со предмет што веќе се работи во предистражна постапка во ОЈО ГОКК, а кој предмет беше оформен по пристигната кривична пријава од граѓанин за незаконско следење на граѓани. Предметниот обвинител има издадено наредби до релевантни институции заради утврдување на факти и расчистување на случаите. Во моментов со оглед дека станува збор за предистражна постапка не можат да се споделат повеќе информации како не би се загрозила постапката, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вчера во интервју за емисијата „360 степени“ кажа дека се работи за да се утврдат наводите на премиерот и соопшти дека веќе се водела некоја постапка во Обвинителството поврзана со следење.

-Јас лично согласно моите овластувања оформив предмет по допрен глас, меѓутоа морам да нагласам дека во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција веќе имаше поднесено пријава против други лица и постапката сега се спои. Поднесов веднаш, со оглед дека од она што го слушнав се работи за некакви индиции за дејствија во текот на 2020 година, што значи дека согласно новиот Закон доколку се работи за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ би се пробил релативниот рок и тоа би застарело, рече Коцевски.

Ниту од Обвинителството, ниту Коцевски не кажа за која Агенција се однесуваат обвинувањата, дали за Агенцијата за национална безбедност или за Агенцијата за разузнавање.

Овие прашања се отворија откако Мицкоски од собраниска говорница обзнани дека извесен извор „Цилиндер“, кој потоа бил преименуван во „Џокер“, физички го следел како основач и финансиер на параполициска воена вооружена формација. Ова, според премиерот, служело како покритие за да биде физички следен тој, сопругата, синот и членови на партијата во 2020 и 2021 година пред локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Обвинителство имало пријава и за незаконско…

Предметот што го отвори Обвинителството откако премиерот…

Во Кремљ се одушевени од желбата на…

Директните контакти меѓу Кремљ и новоизбраниот американски…

Забранети посети на сите клиники во Клиничкиот…

Посетата на пациенти на сите клиники на…

Бројот на раѓања во Франција продолжува да…

Францускиот национален институт за статистика и економски…

Знамето со сонцето од Кутлеш забрането во…

Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на…