Во општина Бутел вандалски чин: Украдени капаци на шахти, опожарени шахти и цевки
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната
безбедност.
Имено, при проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен
во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веќе утрово ја оспособија атмосферската канализациска линија со дијаметар на цевка ф1000мм, каде во текот на вчерашниот ден беше утврдено извршување на вандалски чин и нејзино
оштетување и обезбедија непречен проток на атмосферска вода во истата.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност ќе поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување на атмосферската канализација.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, јавно и строго го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…