Во Охрид приведен 14-годишник кој украл „БМВ“ во Гостивар
На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.
Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен во ОВР Гостивар. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Охрид приведен 14-годишник кој украл „БМВ“…
На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот…
Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…
Малолетник пробал да бега од полицијата, му…
На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје,…
(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…
Краделе акумулатори од железница – притвор за…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола…