Во Охрид уапсен германски турист кој допливал и излегол кај вилата „Билјана“ каде летува претседателката Сиљановска-Давкова

t

Турист од Германија вчера е приведен во полиција во Охрид оти допливал до државната „Вила Билјана“, излегол од водата и тргнал кон комплексот во кој се вилите на претседателот и на премиерот на државата. Таму во моментов летува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со семејството.

Вилата е блиску до неколку популарни охридски плажи во областа Горица.

„На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ‘Инекс’ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р. С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, кој додаде дека полициските службеници од обезбедувањето на државната вила реагирале навремено и ефикасно.

Неофицијално, туристот е пуштен по информативниот разговор во полицијата. Кажал дека залутал оти не го познавал теренот. Ако истрагата утврди дека немал други побуди, со оглед дека е странски државјанин ќе биде парично казнет за неовластено поминување низ државен имот.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид уапсен германски турист кој допливал…

Турист од Германија вчера е приведен во…

Дали интерпелацијата за Гаши „се изгуби по…

До сега нема никакви информации за интерпелацијата…

Планирани над 100 антиисламски протести и 30…

Британската полиција се подготвува за вечерашните нови…

Тошковски удри по самарот, Гаши нѐ направи…

Претпоставувам дека ја знаете народната поговорка „кога…