Во последните три години од Косово заминале над 200.000 работници

Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово Јусуф Аземи изрази загриженост поради масовното заминување на работниците.
Тој истакна дека во последните три години Косово го напуштиле повеќе од 200.000 работници.
„Во текот на 2024 година на аеродромот разговаравме со луѓето од кои само 20 отсто имаа намера да се вратат на Косово. Врз основа на нашите мерења, над 200.000 работници го напуштиле Косово во рок од три години“, кажа Аземи.
Само во текот на 2024 година Косово го напуштиле дури 110 лекари, пренесува Косово онлајн, иако косовскиот министер за здравство Арбен Витиа уверуваше дека лекарите на Косово имаат најголеми плати во регионот.
На масовниот одлив на населението од Косово албанската јавност предупредуваше и претходно, а особено се истакнува дека ситуацијата се влошила во периодот откако Аљбин Курти дојде на власт во Приштина: уште во првата година од неговото владеење, 2021 година, според косовските портали на албански јазик Косово го напуштиле 42.000 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…
Во последните три години од Косово заминале…
Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…
Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…
Министерството за одбрана на Косово денеска ги…